HemoClin гел – брзо ублажување на тегобите и помош при појава на хемороиди, болни фисури и други тегоби во пределот на аналниот отвор

  • Овозможува брз ефект на ладење и го ублажува чешањето и болката
  • Ја ублажува болката при празнењето на цревата
  • Ја штити слузницата од патогени бактерии и го поттикнува природниот процес на заздравување
  • И дава влажност на цревната слузница
  • Едноставна и хигиенска употреба

Како делува?

HemoClin гел е единствен производ кој овозможува директно и брзо ублажување на тегобите при појава на хемороиди, пукнатитни и други тегоби во пределот на аналниот отвор. Производот HemoClin содржи проѕирен гел со патентирано и сосема природно соединување кое се нарекува 2QR комплекс. Овој производ ефикасно им го попречува пристапот на штетните микроорганизми до слузницата и последователно го поттикнува природниот процес на заздравување.

Во споредба со другите производи приложениот апликатор во производот HemoClin овозможува гелот да се нанесе на болното место и таму да остане. Дизајниран е на начин, така што гелот се наоѓа во внатрешноста на пакувањето и не може да дојде во контакт со болното место сe додека апликаторот не биде наполнет, односно изваден од пакувањето и подготвен за нанесување. Ваквиот начин на нанесување им овозможува на корисниците висок степен на хигиена.

Употреба на производот

Гелот HemoClin ја елиминира непријатноста во пределот на аналниот отвор и се користи за ублажување на симптомите поврзани со хемороиди, како што се: иритација, чешање, пецкање и осетливост на аналното подрачје.

Гелот HemoClin ги спречува и ги ублажува тегобите во пределот на аналниот отвор. За да ги елиминирате ваквите тегоби во пределот на аналниот отвор, нанесете го гелот на болното место и околу, во доволна количина, најмалку два пати на ден во текот на две недели, односно секој пат кога ќе сакате да ги ублажите  симптомите. Честата употреба ја подобрува ефикасноста.

За спречување на (внатрешните и надворешните) хемороиди и пукнатини (фисури) нанесете гел во анусот и околу, пред и по секое празнење на цревата. Не треба да го користите гелот Hemoclin повеќе од 30 последователни дена. Не користете го производот доколку сте чувствителни на некоја од состојките.

Упатство за употреба

При употреба на гелот HemoClin придржувајте се до инструкциите прикажани на сликите подолу:

1. чекор

Ставето го пакувањето на производот на маса или на цврста површина.

2. чекор

Цврсто држејќи го синиот дел (Б) притиснете го надолу сè додека не забележите прстен кој ќе се појави на белиот дел (A). Ќе слушнете пискав звук кој обично се слуша по две секунди. Ќе забележите дека белиот дел (A) автоматски се придвижил нагоре. Сега апликаторот е комплетно наполнет и подготвен за употреба.

3. чекор

Повлечете ги двата дела на апликаторот од држачот (дел Ц).

4. чекор

Ставете ги двата дела на апликаторот (A + Б) во анусот. Отако ќе го  ставите синиот дел (Б) во анусот,  притиснете го белиот дел (A) надолу, така за да може гелот HemoClin да влезе во болното подрачје.

5. чекор

Одделно измијте ги двата дела на апликаторот со топла вода по секоја употреба. Избришете го делот Ц. Вратете го апликаторот во очистениот дел Ц и затворете го со капачето.

Превземи упатство за употреба